Седумгодишно дете повредено во сообраќајка во Берово

Две лица, од кои едно е 7- годишно дете, се повредени во сообраќајка во Берово.

На 26.07.2020 околу 17.20 часот на регионалниот пат Виница – Берово, на место викано „Кошето“, атар на с.Будинарци, беровско, В.Б.Л.(31) од с.Митрашинци, беровско, управувајќи патничко возило „сеат алтеа“, со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во карпа.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил седумгодишен сопатник, а со телесни повреди се здобила В.Б.Л., констатирани во Клинички центар „Систина“ – Скопје, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на Одделенеието за внатрешни работи Берово.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.07.2020 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега