Седумнаесет вработени и 76 ученици ученици од Куманово се заразиле со Ковид 19
Еден вработен и десет заразени ученици од Ковид-19 од кумановските училишта биле пријавени во текот на вчерашниот ден во секторот за образование од општина Куманово, соопштија денеска надлежните. Заразените ученици се од повеќе основни и средни училишта.
-Од почетокот на учебната година, заклучно со понеделник, 20 септември 2021 година, од страна на основните и средните општински училишта до Секторот за образование се пријавени вкупно 17 вработени во училишта инфицирани со вирусот Ковид-19 вирусот и вкупно 76 ученици од повеќе училишта, соопштија од секторот.
Според податоците на секторот, во општина Куманово има 14 807 ученици, а вработени се вкупно 1720 лица во 21 училиште, од кои пет се средни и 16 основни училишта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа