Секој четврти граѓанин смета дека Кастриот Реџепи земал пари за да не гласа против Заев

Една четвртина од граѓаните сметаат дека Кастриот Реџепи земал пари за да не гласа за соборување на Владата на Зоран Заев, покажува најновата анкета која ИПСОС ја изработи за потребите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, 26% од граѓаните сметаат дека Кастриот Реџепи бил платен, додека 13% се на став дека бил принуден на друг начин од коалицијата на СДСМ и ДУИ.
17% од анкетираните сметаат дека не дошол на седницата затоа што навистина верува во како што напиша тој во својот ФБ статус дека државата ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе се реши спорот со Бугарија.
29% од анкетираните одговориле со „не знам“ а 16% одбиле да одговорат.
Анкетата е спроведена од ИПСОС за потребите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 12 до 30 ноември годинава врз репрезентативен примерок од 1010 испитаници

06.12.2021 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега