Села до Заев и Мицковски: Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска влада.

Коалицијата „Сега е време“ вечерва одржа централен митинг во Струга, под тешки временски услови, но вечерва плоштадот на Струга е полн со поддржувачи.

Претседателите Села и Гаши денеска ја посетија Лабуништа и потоа од плоштадот Струга, од неговиот роден град, претседателот Села, одговарајќи на Заев и Мицковски за нивната идеја за размена на пратеници за да не бидат условени Албанците да формираат влада,  Села рече: Слушам дека Заев и Мицковски се подготвени да формираат македонска влада, еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници ние ќе ја создадеме нашата албанска влада.

Јасно е, немам што да ти кажам, рече Села од Струга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.07.2020 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега