Села му се извини на премиерот на Косово поради затворените граници: Се плашат од изборите

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, преку „Твитер“ се обрати до премиерот на Косово, Авдулах Хоти, од кој бара разбирање во врска со одлуката на Владата со која се бара од граѓаните на Косово да имаат негативен тест ПЦР за да влезат во државава.

 

Села пишува дека мерките што ги спроведува Владата се политички мотивирани од стравот од изборите.

„Села понатаму го моли премиерот Авдулах Хоти за разбирање и за непреземање на слични мерки против граѓаните на Северна Македонија затоа што со тоа би се казниле граѓаните на двете држави, особено и иселениците, кои се соединуваат со своите семејства во овој момент. Села ја заклучува својата порака потенцирајќи дека по 15 јули ваквите пречки меѓу двете земји ќе се бидат во историјата“, соооштија од Алијанса за Албанците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега