Села: Нема да има отпуштање на административците, ќе ги поставиме на соодветни работни места

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива во рамките на предизборната кампања со мотото „Сега е време“ денеска го отвори општинскиот штаб во Кичево.

Претседателот на Алијаната Зијадин Села од кичевското Китино Кале Кичево истакна дека тие нема да ги отпуштат административците, туку напротив, ќе ги распределат на соодветни работни места.

– Вие како жители на Кичево се соочивте со разочарување, ние го поддржавме албанскиот кандидат во Кичево, додека оние во Струга се собраа за да не соборат, но Албанците ги разбраа овие манипулации. Ние ќе ги оствариме реалните и оригиналните соништа на Албанците. Ние ќе ги вратиме работните места кај Албанците на кои некои незаслужено им ги земаа. Ние ќе ставиме крај на кражбата на пари од народот. Ние ќе сториме се вашите даноци да останат тука на локално ниво во Кичево. Нема да дозволиме потта на Албанците да оди кај одредени поединци . На 15 јули убедени на победа тргнуваме од Кичево, но и од Арачиново бидеќи ние сме вистинскиот избор за Албанците, рече Села.

На кичевци ми се обратија и Сурија Рашиди, носител на петтата изборна единица и Ремзи Мехмеди, кандидат за пратеник во шестата изборна единица, кои го истакнаа нивното убедување за победа на нивната коалиција на парламентарните избори закажани за 15 јули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега