Села: Одлуката за АА и ВМРО-ДПМНЕ да бидат опозиција е одлука на Заев, на првиот што газеше врз мојата крв

За мене е важно што мисли членството на Алијанса на Албанците и не по секоја цена сакам да бидам претседател на партијата, вели лидерот на АА, Зијадин Села во гостувањето на емисијата „Вин-вин“.

Села појаснува дека од одговорност не бега и не креирал партија од нула.


-Не планирам доживотно да бидам претседател на партијата. И во статутот на партијата стои дека претседател може да се биде само два мандати, после тоа си заминуваш, информира Села.

Претседателот на Алијанса на Албанците додава дека „одлуката за АА и ВМРО-ДПМНЕ да бидат опозиција е одлука на Заев, на првиот што газеше врз мојата крв“.

10.02.2022 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега