Села открива дали му бараат оставка во Алијанса за Албанците

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, во емисијата „Патот кон...“ на ТВ Алсат, која ќе се емитува вечерва, одговори на прашањето дали му барале оставка во партијата.

Досега не му побарале, истакна Села.

„Обично политичар треба да поднесе оставка во моментот кога ќе има нешто во власта и ќе ја загуби власта. Влегуваме во тотален хаос како општество воопшто. Би бил среќен ако партиските структури побараат моја оставка како претседател на партијата. Досега не ја побарале. Изборите сè уште траат, а тука е и Дебар…“, изјави Села за ТВ Алсат.

04.11.2021 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега