Села: Сметот е време да се исчисти, доста е од факултативните Албанци на ДУИ

Време е сметот од државава да се исчисти, зашто ни е потребно чисто општество во кое граѓаните ќе кажат дека им е доста од ДУИ и од нивните факултатитвни Албнци, суштества без дигнитет, кои ги менуваат своите ставови и позиции во зависност од тоа со кого се и какви промени на политичката сцена извесно дека доаѓаат, изјави на денешниот брифинг со новинарите лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села на прашањето на МКД.мк дали со неговите зборови за чисто општество најавува програма која ќе ѝ парира на „зелената агенда" на ДУИ.

Села рече дека Алијанса за Албанците, како и нивниот коалициски партнер Алтернатива, со која партија ќе трчаат и на есенските избори, од самиот почеток и програмски и практично се залагаат за чиста животна средина, но дека ДУИ смета дека граѓаните имаат кусо паметење па сега своите неуспеси ќе се обидат предизборно да ги покријат со некаква програма за чиста животна средина.

„Но, државава има потреба од чистење и на политичкиот смет, во прв ред од 'зелените" во ДУИ. Тие за парламентарни избори се претставуваат како УЧК, а за локални избори како 'зелени', не оди тоа така пред граѓаните, тие знаат во каква животна средина живеат, особено таму каде што на власт е ДУИ. Па, самите направете разлика - како е во Тетово, а како е во Гостивар на пример, има ли добро уредени велосипедски патеки кај нивната градоначалничка, има ли вода за пиење за сите граѓани?", рече Села.

08.06.2021 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега