Селаните на Љуботен бесни го блокираа патот - Ситуацијата тензична поради полициската акција

Голема полициска акција од зори се одвива во скопското село Љуботен, каде упадна Финансиската полиција, а претресите во домовите се поради тутун. Дел од жителите сами го извадиле на улица, дел е запленет, а револтот е голем за акцијата.

Мештаните на село Љуботен каде утринава започна акција на финансиска полициjа и МВР, го блокирале главниот пат и тврдат дека нема да дозволат да им се земе тутунот. Претседателот на месната заедница, Реџеп Имери, во изјава за ТВ Шења тврди дека има опасност од тензии бидејќи селаните се крајно револтирани.

- “Не е логично со сите овие сили да се бара тутун. Полициска станица Бутел нема сознанија, акцијата ја спроведува финансиската полиција. Ќе се земе тутунот и ќе се провери дали е тој што се бара и кој е проблематичен. Тој што не е проблематичен тврдат дека ќе им се врати на селаните, но ние немаме некоја надеж дека ова ќе се случи”, изјавил Имери за ТВ Шења.

Тој се надева дека нема да дојде до тензии но вели револтот е голем.

За акцијата на Финансиска полиција реагираа и од партијата на Зијадин Села, „Алијанса на Албанците".

- „Правото на живот е дадено од Бога и негирано од Владата, ова е моменталната ситуација во селото Луботен. Неприфатлива е реакцијата на воените полициски сили во селото Луботен, негирајќи го правото на живот. Не нуди работни места, не инвестира, не создава инфраструктурни врски, не нуди перспектива и ги спречува напорите за подобар живот. Ова е слично со мерките по Втората светска војна, насочени кон раселување на Албанците од нивните земји“, се вели во реакцијата на Алијансата за Албанците.

Финансиска полиција се нема огласено за акцијата. Во соопштението испратено до јавноста, наведуваат дека се спроведува акција, но поради истата и нејзината успешност не можат да дадат детали.

- Се спроведува акција за сторени кривични дела,  криумчарење со акцизна стока и царинска измама. Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи  спроведува акција за проверки на истото, а во интерес на истрагата не би можеле  да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на  расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности, велат од таму.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега