Селмани: Мора да сме многу внимателни со луѓето кои патуваат, соевите ги пореметија очекувањата

Новите соеви на вирусот ги пореметија очекувањата дека до лето вирусот ќе го снема. Треба властите посебно да внимаваат од потенцијално ризични земји. Бројките засега во нашата држава се релативно стабилни и треба вака да се одржуваме, изјави екс-министерот за здравство, политичарот Имер Селмани во Студио 10 на ТВ24.

-Очигледно многу моќни економии не успеваат да се изборат со новите соеви. Свеста треба да се дигне на повисоко ниво, не може да се очекува десетина држави да се вакцинираат, а другите кога ќе им дојде време, тогаш. Сум за рестриктивни мерки, пред се за луѓе што патуваат во високоризични земји. Здравјето е пред се, но треба многу паметно балансирање и за економијата. Не можеме да се затвориме, но мора да сме внимателни со патувањата и луѓето кои патуваат, треба да се следат и карантинот е најмалку што може да се направи“, кажа Селмани.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега