Семеен хорор: Тетовка претепана од татко ѝ и брат ѝ

Шеесетгодишник и неговиот син на 26 години се повикани и задржани во полициска станица поради сомневање дека извршиле физички напад врз нивната 30 годишна ќерка и сестра.

Вчера околу 18 часот и 20 минути, во Полициската станица Тетово бил извршен службен разговор со М.А.(60) и И.А.(26) од Тетово, кои претходно физички ја нападнале нивната 30-годишна ќерка и сестра, a поради прeтходни недоразбирања со нејзиниот сопруг. Двајцата се задржани за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок, инфомира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

24.01.2022 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега