Серискиот убиец кој убил 130 лица и се појави во „Dating Game“ - почина во затвор, чекајќи го своето погубување

Серискиот убиец Родни Џејмс Алкала, кој станал познат како 'Dating Game' убиецот, починал во саботата додека го чекал извршувањето на смртната казна во американската сојузна држава Калифорнија, соопштиле локалните власти.

Алкала починал на 77-годишна возраст во болница во Калифорнија, објавила затворската управа.

Тој бил осуден на смрт во 2010-та година, поради пет докажани убиства во Калифорнија во период помеѓу 1977-ма и 1979-та година, меѓу кои е и 12-годишно девојче. Меѓутоа, властите проценуваат дека убил до 130 луѓе ширум САД, пренесува „Гардијан“.

Алкала ги прогонувал жените и ги чувал нивните обетки како трофеј. Обвинителството конечно го открило кога пронашле златни обетки кои му припаѓале на 12-годишното девојче Робин Самсоа.

Тој добил дополнителна казна од 25 години до доживотна казна во 2013-та година, откако признал две убиства во Њујорк.

Повторно бил обвинет во 2016-та година после ДНК доказите кои го поврзувале со убиството на бремената жена од 1977-ма година, но обвинителот рекол дека Алкала бил премногу болен за да излезе пред судот поради тие обвиненија.

Познат е под прекарот „Dating Game“ убиец, бидејќи во 1978-ма годна се појавил во тогашното популарно ТВ шоу на американската телевизија, во кое младите учесници се сретнувале по случаен избор и во некои случаи подоцна остварувале љубовни врски.

Американските медиуми наведуваат дека Алкала во моментот на појавувањето на ТВ шоуто, позади себе веќе имал неколку убиства, вклучувајќи го и убиството на Самсоа.

Полицијата после апсењето открила повеќе илјади сексуално експлицитни снимки од млади жени и адолесценти кои ги фотографирал Алкала, поради што се верува дека е одговорен за повеќе од 5 убиства, за кои е обвинет.

25.07.2021 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега