Северна Кореја со морничава порака до Бајден: „Тој е бесно куче кое треба да се претепа со стап до смрт“

Северна Кореја го нарекла поранешниот американски потпретседател Џо Бајден „бесно куче“ кое треба „со стап да се претепа до смрт“.

Со тоа, оценува АП, продолжува хајката на политичките лидери кои таа земја ги смета да непријателски настроени кон раководството во Пјонгјанг.

Во текст на државната новинска агенција КЦНА се наведува дека Бајден, кој учествува во трка на претседателските избори во САД, „се замотал со жива жица отпад против достоинство на највисоките севернкорејски политичари, што заслужува немилосрдна казна“.

Бајден во текстот се споменува само по презиме и тоа како потпретседател на САД во времето на Барак Обама.

Северна Кореја во мај го означи Бајден како „будала си низок коефициент на интелигенција“, откако тпк во еден од говорите го нарече лидерот на таа земја, Ким Јонг-ун, тиранин.

„Секој кој ќе се осмели да го наклевети достоинството на врховниот лидер на Демократската народна Република Кореја никогаш нема да избегне немилосрдна казна“, наведува севернокорејската новинска агенција.

Во текстот се додава дека „бесните кучиња“ како што е Бајден може да повредат многу луѓе, ако им се дозволи слободно да трчаат.

„Тие мора да бидат претепани со стап на смрт пред да биде доцна“, истакнува КЦНА.

АП наведува дека не е јасно кој од коментарите на Бајде точно предизвикал бес кај Северна Кореја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега