Северна Кореја: Во земјата нема повеќе заразени со коронавирус

 

Вадата на Северна Кореја соопштила дека досега сите граѓани со Ковид-19 се опоравиле откако е потврдена првата инфекција во земјата и дека нема повеќе заразени.

Државните медиуми денеска објавиле дека седми ден по ред нема нови случаи.

Во мај земјата објави дека е регистриран првиот случај на Ковид-19 и оттогаш се пријавени бројки на нови случаи и смртни случаи.

Но, Би-Би-Си пишува дека постои широк сомнеж за овие бројки, особено кога станува збор за бројот на починати.

„Во текот на изминатата недела не се регистрирани нови случаи, а сите кои биле лекувани низ целата земја се опоравиле“, соопшти државната новинска агенција КЦНА.

Како што се додава, Северна Кореја влезе во фаза на „стабилност“, но „земјата ќе ги удвои напорите за одржување на совршенството во спроведувањето на државните антиепидемиски политики“.

Владата во Пјонгјанг сè уште не потврдила колку луѓе биле позитивни на ковид.

Но, државните медиуми јавуваат дека околу 4,77 милиони пациенти целосно се опоравиле, а 74 починале од крајот на април, што со 0,002 отсто е најниска стапка на смртност во светот.

Многу експерти тврдат дека е тешко да се поверува во таква статистика и истакнуваат дека Северна Кореја има еден од најлошите здравствени системи во светот и дека нема лекови или вакцини против Ковид-19.

Спротивно на тоа, Јужна Кореја – која има напреден здравствен систем и голем процент од нејзиното население е вакцинирана – објави стапка на смртност од 0,12 проценти, според официјалните бројки.

Шин Јанг-Јеон, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Ханјанг во Сеул, изјавил за Ројтерс дека бројките што ги презентира Северна Кореја се „речиси невозможни“ и дека бројот на починати може да достигне до 50.000.

Јужнокорејскиот министер за обединување одговорен за меѓукорејските односи, кажал дека има „проблеми со кредибилитетот“ со податоците, но дека Ковид-19 се чини дека е „најмногу под контрола“ во Северна Кореја.

05.08.2022 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега