Шаховска игра на Ахмети: ДУИ ќе ги здружи старите лути ривали

Алијанса за Албанците на Зијадин Села денеска треба да донесе конечна одлука дали ќе се приклучи на една од албанските коалиции или нема да настапува на овие избори. Причина за ваквата ситуација е судскиот спор со кој треба да се донесе конечна одлука на кого му припаѓаат печатите на партијата.

https://adsdms.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=33&loc=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Falijansa-na-sela-utre-pred-kluchna-odluka%2F&cb=8faa0e77e6

Дел од медиумите објавија дека веќе паднал договор за заеднички настап со ДУИ, а Села веќе си обезбедил и неколку пратенички места, четири, односно пет пратеници доколку коалицијата на изборите освои над 20 мандати.

Доколку се приклучи кон коалицијата предводена од ДУИ, неофицијалните информации се дека тој ќе биде носител на листата во ИЕ 5, а кандидатите за пратеници од Aлијанса, со оглед дека нема да го имаат потребниот печат од партијата ќе бидат запишани како независни кандидати.

Доколку се испостави дека ваквите шпекулации се вистинити тоа ќе значи дека Села ќе биде во коалиција и со лидерот на ДПА, Мендух Тачи, со кого имаше сериозни несогласувања и откако ја формираше фракцијата Движење за реформи во ДПА, ја напушти партијата и ја формираше Алијанса за Aлбанците.

 

28.03.2024 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега