Шарли ебдо не се откажува: Објавена нова карикатура од Мухамед

Францускиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“ по исламистичкиот напад врз редакцијата, на својата насловна страница ќе објави карикатура на пророкот Мухамед кој плаче, држејќи натпис „Јас сум Шарли“ и под кој пишува „Се е простено!“.

Насловната страница на новиот број од весникот, на кој работат преживеаните членови на редакцијата, им е доставен на медиумите пред утрешното објавување.

Нападот врз редакцијата на „Шарли ебдо“, во кој на 7 јануари беа убиени 12 луѓе, предизвика остри осуди ширум светот, но повторното објавување на карикатури на Мухамед би можело да ги разлути екстремните муслимани, кои веруваат дека е забрането цртање на нивниот пророк на било кој начин.

Веќе се испечатени три милиони примероци од „изданието на преживеаните“ и истите ќе бидат достапни во 25 земји на 16 јазици.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега