Шефот на ОН: Преголемиот профит на енергетските производи е неморален

 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја критикуваше „алчноста“ на големите нафтени и гасни компании кои остваруваат рекордни профити „на грбот на најсиромашните“ благодарение на кризата предизвикана од војната во Украина, повикувајќи ги владите да ги оданочат.

„ Неморално е што компаниите за нафта и гас остваруваат рекордни профити благодарение на оваа енергетска криза, над грбот на најсиромашните жители и заедници, додека климата плаќа огромна цена“, рече Гутереш на прес-конференција по повод објавување на третиот извештај на ОН за меѓународните последици од руската инвазија на Украина.

„ Ги повикувам сите влади да оданочат прекумерна заработка и да ги искористат тие пари за да им помогнат на најранливите во овие тешки времиња“, додаде тој, проценувајќи дека најголемите нафтени и гасни компании заработиле речиси 100 милијарди долари во првиот квартал од 2022 година.

„ Ги повикувам луѓето да испратат јасна порака до индустријата за фосилни горива и нејзините финансиери: оваа смешна алчност ги казнува најсиромашните и најранливите со уништување на нашиот единствен заеднички дом, планетата“, рече Гутереш.

По последната анализа во јуни, „влијанието на кризата со куповната моќ се чувствува се подлабоко и пошироко во светот“, се посочува во извештајот. Во исто време, се предупредува дека до крајот на 2022 година, околу 345 милиони луѓе во 82 земји би можеле да се најдат во ситуација на несигурност на храна, што е за 47 милиони повеќе поради оваа војна.

Со цел да се справaт со кризата без да се загрозат обврските за ублажување на климатските промени, владите се особено повикани да преземат чекори за намалување на побарувачката на енергија (заштеда на греење и климатизација, намалување на воздушниот сообраќај, реновирање згради) и забрзување на развојот на обновливите извори на енергија.

03.08.2022 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа