Шефот на украинското разузнавање: Путин наскоро ќе умре

Началникот на разузнавачката служба на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов, во интервју за „ABC News“ зборуваше за актуелниот развој на ситуацијата во Украина и се осврна на нападите врз руската база Енгелс, како и на состојбата со здравјето на Владимир Путин.

На новинарско прашање дали Украина е одговорна за нападот на базата Енгелс, Буданов рече дека не може да одговори.

„Не можам да одговорам на тоа прашање до крајот на војната. Ми беше драго што го видов тој напад, тоа е мојата реакција. Мислам дека ќе има повеќе напади, сè подлабоко и подлабоко на руска територија“, рече тој.

Буданов нагласи дека нападите би можеле да се однесуваат и на Крим, особено ако се земе предвид дека Крим е дел од Украина и дека Украина може да употреби какво било оружје во таа област. После тоа, тој одговори и на прашање за здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин.

„Да, тој е болен, во терминална фаза. Мислам дека ќе умре многу брзо, се надевам. Мислиме дека е рак. Тоа го знаеме од извори блиски до Кремљ, односно до самиот Путин“, рече Буданов.

Тој заклучи дека во случај на смрт на Путин ќе има трансфер на власта, но дека војната во Украина треба да заврши пред смртта на рускиот претседател.

05.01.2023 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега