Шекеринска ги навреди сопартијците кои беа „ударна тупаница“

Шекеринска и Спасовски почнаа да го објаснуваат нивниот предизборен концепт-барање спас со бегство од соочување со граѓаните. Откако ги премолчија централниот одбор и конгресот, заменичката на Заев и генералниот секретар на СДСМ, не можеа да одолеат на притисокот на партиското членство и медиумите и беа принудени јавно да застанат зад целосно нелогичниот пристап кој едноставно не може да се одбрани. Бледата прес конференција на Оливер Спасовски беше искомбинирана со изјава на Радмила Шекеринска за денешното издание на еден дневен весник (Вест 24.03.2014 со наслов “За да ја смените власта, треба да направите промени во својата партија“), со која исто како и Зоран Заев претходно на Централниот одбор, и таа ги навреди своите сопартијци кои досега беа ударна тупаница на СДСМ. Бранејќи ги идните пратеници, таа искоментирала: “Тие се исклучително вредни и квалитетни луѓе, нивната единствена маана е само што не знаеле да се буткаат во партијата како другите“. Редакцијата на “Прес 24“ се обиде да побара коментар за ваквите ставови на Шекеринска од неколку долгогодишни видни членови на СДСМ, некои од нив не одговараа на повиците, а оние кои ги добивме  не сакаа ништо да изјават за да не и наштетат на партијата во кампањата.

 

Ваквите ставови, коментари или тези се клучен пример за лицемерието кое го застапува и промовира двоецот Заев и Шекеринска. Ако се земе предвид дека Заев е трет мандат градоначалник во Струмица, претходно две години пратеник, и долгогодишен врвен функционер на СДСМ, тогаш Шекеринска во СДСМ важи и е доживеана како вечниот функционер. Од 1993 е член на Централниот Одбор на СДСМ, во 1996, како претседател на СДММ е избрана за член на Советот во Град Скопје, во 1998 прв пат беше избрана за пратеник, од 2002 до 2006 беше вицепремиер за евроинтеграции и потпретседател на СДСМ, во 2006 е повторно избрана за пратеник и стана претседател на СДСМ, а во 2011, Црвенковски ја кандидираше уште еднаш за премиер, во 2013 беа направени статутарни измени за да Заев ја номинира за негов заменик, што претставува официјално најдолг функционерски стаж во СДСМ, 21 година. Според наводните принципи кои самата ги критикува, Шекеринска е шампион во “буткање“ во СДСМ, бидејќи со својот функционерски стаж во партијата, формално го надмина и Бранко Црвенковски.  Ако двоецот Заев-Шекеринска не е искрен пред своето членство, зошто гласачите да веруваат во нивните намери.

25.03.2014 - 13:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега