Шекеринска: Градоначалникот на Охрид и под огромен притисок и закани, урива за да го зачува статусот на УНЕСКО

Погледнете градоначалникот на Охрид со кави притисоци се сочува, само заради тоа што кажа кој со години од 2013-та  најголемиот дел немаат право да користат плажи, си ги користат, заработуваат со ниедно ливче немаат. И почна притисоци од тие што го злоупотребувале цело време, се навикнале на злоупотребите и сега не сакаат да се повлечат, изјави Радмил шекеринска на средба со граѓаните.

„Градоначалникот на Охрид покажа дека кога имаш политичка волја да не прогледуваш низ прсти за никој и Законот да важи за сите, можни се резултати. 

И тој еден по еден ги расчистува плажите и обезбедува на граѓаните да видат дека ќе го штитиме тоа што велиме дека е убаво. Работа не е завршена, ама во Охрид, јас велам тргна од таму, меѓутоа во Охрид прашањето на дивоградби, на нов план за развој на целиот регион кој што ќе биде усогласен со препораките на УНЕСКО за првпат гледате политичка волја тоа да се спроведе. 

Инаку имавме многу планови, документи, потписи, печати ништо од тоа не се случи, секој ден гледавме нова дивоградба. Мислам дека во Охрид покажуваме дека правната држава ако се сака може да функционира“, кажа Шекеринска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега