Шекеринска: Кога имаме едно општество за сите, тоа општество е посилно

Потпретседателката на СДСМ и носител на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборна единица, Рамила Шеќеринска, при престојот во Дебар, одговарајќи на прашањето која би била опасноста за една мултиетничка и мултокултурна држава, ако ја водат националистички партии, нагласи дека „за тоа не треба да се препоставува, туку е доволно е да се потсетиме“.

– Од една страна имате 11 години не само изолирана држава, туку држава која што беше полна со кавги и проблеми, домашни проблеми, создавани од луѓе кои сакаа да профитираат од кавгите. Од друга страна ја имате политика која ние ја нудевме. Тоа е политика на градење на сојузници и создавање доверба во државата. Кога пред три години почнавме да зборуваме за општество за сите многумина беа песимисти, ни се смееа, не напаѓаа. Денеска покажавме дека кога имаме едно општество за сите, тоа општество е посилно и тоа општество е подобро, рече Шеќеринска.

Таа уште додаде дека за две и пол години земјава успеа да стане членка на НАТО, на најмоќната воено-политичка алијанса.

– Нешто што 30 години се зборува ние го реализиравме и покажавме дека навистина од заедништвото доаѓа сила, доаѓа квалитет. Денеска повторно сме еден чекор понапред од другите. За првпат излеговме пред граѓаните со коалиција која што е навистина мултиетничка, која што е многу широка и која што покажува дека ако знаеш да резаговараш, сакаш да се договориш со луѓето, за се има решение. Ги уриваме стреотипити и ги уриваме препреките затоа што секаде вклучително и во Дебар луѓето знаат дека од кавга не се живее од кавга се бега. Од договор може навистина да се изгради многу подобра куќа, нагласи Шеќеринска.

Таа попладнево престојуваше во Дебар, каде имаше средби со граѓани и со претставници од малиот бизнис, а учествуваше и на трибина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега