Шекеринска на средба со Џејмс Матис во Вашингтон

 

Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска од 26-ти април, до 2 мај ќе престојѕва во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе остари средба и со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис.

- „Значењето на средбата е уште поголемо бидејќи се случува во пресрет на самитот на НАТО во јули во Брисел“, додаваат од Министерството.

Во рамките на посетата, министерката ќе се сретне и со заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Лора Купер а ќе има и средби во американскиот Стејт Департмент, Сенатот и Конгресот.

Инаку, средбата со Матис ќе биде остварени на 1-ви мај во Вашингтон.

 

 

 

17.04.2018 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега