Шекеринска од Центар Жупа: Инвестициите во инфраструктурата го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните

Заменик-претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска во Центар Жупа потсети на проектите на Владата кои, како што рече, ги градеше заедно со општинските власти.

-Денеска сме во Центар Жупа и можеме да ја видиме новата велосипедска патека која што ја поврза Центар Жупа со Дебарското Езеро. Ова е проект кој што го работеше Владата заедно со општината и проект кој што ќе даде стимул, импулс за развој на локалниот туризам, ќе даде шанса на населението од Центар Жупа, меѓутоа и на многу спортисти, велосипедисти, риболовци, да ги искористат овие прекрасни природни капацитети, потсети Шекеринска.

Заменик-претседателката на Владата ја истакна и инвестицијата во еден од регионалните патишта кој што ја поврзува целата оваа општина со регионалниот пат Дебар – Струга и еден од локалните патишта кој, според неа, понуди шанса особено за деца, млади, стари кои што патуваа во неверојатно лоши услови, да патуваат по современ пат кој што е проширен од 3,5 на 5 метри и кој што обезбедува и посигурен сообраќај.

-Инвестиравме во оваа инфраструктура за да се подобри квалитетот на животот на граѓаните. Инвестиравме и заради тоа што со ова дадовме шанса за развој на локалната економија. Денеска имавме прилика да бидеме присутни во два нови погони кои што се отворени во Центар Жупа, кои што создаваат нови работни места кои работат во најголем дел за извоз и кои што велат дека можеле да инвестираат дома затоа што гледале дека парите се трошат на вистинско место, истакна Шекеринска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега