Шекеринска: По завршување на сите процедури ќе биде поставен воен претствник во НАТО

Се уште не се завршени сите процедури и затоа не е поставен воен преставник во Мисијата на Македонија во НАТО, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање.

Процедурите за поставување, рече таа, се долги не само од наша страна, туку и од страна на НАТО.  На ова, според неа, се должи доцнењето на поставувањето на преставник во Мисијата.

– Меѓутоа, ние постојано имаме заменик воен претставник којшто ги има сите права, рече Шекеринска, додавајќи дека кога ќе бидат завршени сите процедури ќе биде назнаечен и воен претставник  во Мисијата на земјава во НАТО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега