Шекеринска: Се трудиме да набавиме вакцини без притоа некој да каже дека ние нудиме наше население за тестирање

На прашањето дали би имале замерки од НАТО доколку во земјава се набават вакцини од Русија, министерката за одбрана Радмила Шекеринска во вестите за Сител изјави дека НАТО не може да влијае на нашите одлуки како суверена држава.

„Она што го правевме како држава е да се трудиме да ги добиеме вакцините, без притоа некој да каже дека ние нудиме наше население за тестирање… Оти, вие можете да замислите што ќе се случеше да објавевме пред неколку месеци ‘еве ќе имаме вакцини, ама кај нас ќе се прават дел од тестовите’… Тоа не го направивме затоа што сакавме да прифатиме практично завршен период на тестирање со сертификати “, изјави Шекеринска во гостувањето во „Дневникот“ на ТВ Сител.

Таа порача дека нема толку вакцини колку што има побарувачка, но потенцираше дека се трудиме да добиеме вакцини.

„Четири милијарди луѓе низ светот бараат вакцини. И овие проблеми со вакцините се случуваат во речиси секоја земја - членка и на НАТО. Неколку од членките од ЕУ бараат да се тужат производителите заради тоа што не испорачале потребни количини. Има еден период во кој очигледно повеќе ќе треба компаниите да сработат за количините да одговараат, рече Шекеринска.

Таа порача дека нема толку вакцини колку што има побарувачка, но потенцираше дека се трудиме да добиеме вакцини.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега