Шекеринска: Ставаме крај на злоупотребата на патните трошоци на пратениците

Заменик претседателката на СДСМ денес во Кичево го презентираше планот за елиминирање на злоупотребата на патни трошоци кои во минатото се случуваа од страна на пратениците.
 
Тоа е беше тема што беше низ цела држава, сметаме дека граѓаните мора да имаат поголема доверба во своето собрание и во своите пратеници.
 
Направивме модел во кој сите пратеници надвор од главниот град ќе се обезбеди сместување и ќе се скратат сите трошоци кои се злоупотребуваа и ја урнисуваа довербата во собранието.
 
 Ниту еден пратеник нема да може да се богати на сметка на платните трошоци и ниту еден нема да може да ги злоупотреби парите на граѓаните.
 
СДСМ нуди грижа за граѓаните, ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните. Ние нудиме  професионални институции, а ДПМНЕ иста стара партизирана администрација и обнова на стравот и изолацијата. На 15 јули граѓаните ќе изберат праведна држава а не режим и страв!  
 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.06.2020 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега