Шекил О'Нил: Ниту јадам, ниту спијам, од тага по мојот брат Коби

Шекил О'Нил, некогашниот соиграч на Коби Брајант во ЛА Лејкерс и близок пријател до НБА-ѕвездата, зборуваше околу тоа како се чувствува по трагедијата во која Брајант заедно со 13-годишната ќерка и уште седум патника замина во вечноста.

Американецот откри дека не може да јаде и да спие од тага. Тој лани во октомври ја загуби сестрата Ајеша која почина на 40-годишна возраст, а капак на стресот била смртта на најдобриот пријател.

„Не ми е добро. Болен сум. Се опоравувам од смртта на мојата сестра, а сега и ова. Ниту јадам, ниту спијам. Ги гледам сликите и лентите на кои сме заедно. Знам дека некој од идиотите ќе се сомнева во врската која јас и Коби ја имавме. Ние бевме како браќа. Ова ќе ме боли долго време. Сакам да ги гледам сите пријатели и дуа од НБА заедно да остарат. Па, на 70 години да може да седнат дома или во некое шоу, па да прераскажуваат низ што минале. Вечно ќе го паметам Коби“, кажа Шек.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега