Шест лица искасани од кучиња скитници


Шест лица пријавиле каснување од куче скитник, меќу кои искасано е и едно дете.

Денеска во 00.25 часот, К.Т.(25) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „Магистрален пат“ во Кичево бил каснат од куче скитник.  

Вчера во 15.00 часот во СВР Велес, М.Ш.(56) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека во центарот на селото бил каснат од куче скитник.

Вчера во 16.50 часот во СВР Куманово, М.Т.(22) од Куманово пријавил дека на улица „100“ во населба Карпош во Куманово бил каснат од куче скитник.

Вчера во 19.50 часот во СВР Тетово, 50 - годишниот В.Г. од тетовско Беловиште пријавил дека на крстосницата на улиците „Видое Смилевски Бато“ и „Борис Кидрич“ во тетово, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Денеска во 01.00 часот во Полициската станица Аеродром, И.О.(39) од Скопје пријавил дека на пешачка патека во близина на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 22.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Е.И.(20) од Скопје пријавила дека на ул.„Хаџи Јован Шишков“ во Скопје била касната од куче скитник.

29.03.2024 - 16:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега