Шест лица приведени во Скопје поради дрога
Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Г.(24), Г.С.(42) , Д.Б.(19) , И.Т.(36), З.Т.(23), сите од Скопје и М.М.(26) од Берово затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста, бела грутчеста материја и таблети.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
16.07.2025 - 17:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа