Шест нови заболени од Ковид-19 во тетовскиот регион

Шест лица вкупно имаат позитивни тестови на Ковид-19 во тетовскиот регион, бележи Центарот за јавно здравје од Тетово на подрачјето на шесте тетовски општини.

Статистиката во епидемиолошката служба при Центарот од почетокот на пандемијата бележи вкупно 846 оздравени и на домашно лекување.

-Меѓу шесте новозаболени со коронавирус три има кај жители на општина Тетово, додека останатите три се по еден случај во општините Јегуновце, Брвеница и Теарце, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово.

Тетовската полиција бележи 63 нови казни за лица кои не носеле заштитни маски согласно член 6 од владината уредба за превенција од ширење на Ковид-19. За изминатите 24 часа 5 луѓе добиле нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а извршени им биле контроли на 250 луѓе со исти решенија и не биле констатирани неправилности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.08.2020 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега