Шестгодишна хероина од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак

 

Стефани Петковска, малата хероина од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак, објави „Струмица денес“ на својот фејсбук-профил.

„Шестгодишната Стефани Петковска од Струмица ја донираше својата коса за децата болни од рак. Големо дело од малата хероина, која со целост ја заслужува нашата почит и благодарност, за тоа што е достоен пример за сите нас. Ти благодариме Стефани!“, пишува во нивната објава.

Претходно истото го направи и деветгодишниот Максим Каески, кој неколку години ја пуштал својата коса за да ја донира на деца болни од рак. Максим Каески ги собра симпатиите на сите откако објави дека ја пушта својата коса со цел да ја донира за деца болни од канцер. Својата мисија ја започнал уште во градинка.  Тој пред извесно време зборуваше за предизвиците со неговите врсници во училиште кои го задеваат и исмеваат поради долгата коса.

 

27.03.2023 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега