Шестмина австриски туристи се заразиле со коронавирус на одмор во Хрватска

Вкупно шест члена на група од 11 туристи од Долна Австрија биле позитивни на тест за коронавирусот кој го направиле при враќањето во Австрија.

Според соопштение на градот Баден, поради заразените туристи, по утврдувањето на контактите, уште 21 лице се ставени во домашен карантин.

Се претпоставува дека туристите се заразиле на островот Паг.

Инаку, двајца од шесте заразени имале симптоми на болеста, додека останатите биле асимптоматски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа