Шестмина починати од коронавирусот- меѓу нив и 22-годишен пациент со Даунов синдром

Денеска регистрирани 113 нови случаи на ковид-19во: Скопје се 35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1, Виница-1, од направени 1.543 тестирања

Дваесет и двегодишно лице од Скопје почина по компликации од ковид-19, а во последните 24 часа починати се уште 5 лица, соопшти Министерството за здравство. 

Починатите се двајца пациенти од Скопје (64г и 83г.), пациент од Куманово (72г.), пациент од Струга (48г.)и пациент од Охрид (75г.) Пет пациенти се починати во болнички услови, еден вонболнички, соопшти Министерството за здравство, без да ги наведе болниците.

„Починатиот 22-годишен пациент од Скопје е лице со Даунов синдром, примен во Градската општа болница „8 Септември“ на 16 јули во тешка општа состојба.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега