Шијак: Терористите од 2001 се во власта, а водачите од „Заедничка Македонија“ осудени за тероризам- избори заедно со локалните

Актерката Арна Шијак побара слобода за осудените за настаните Собранието на 27 април пред четири години. Таа кажа дека за неа е неприфатливо осудените да бидат во затвор, додека, како што потенцираше, терористите од 2001 година да бидат во законодавната, извршната и судската власт.

„Поради велепредавството на името на државата, Македонија, и идентитетот на македонскиот народ со договорот Заев-Борисов од први август 2017 година и спогодбата Димитров-Коѕијас од 17 јуни 2017 година, поради суспензијата на референдумот од 1991 година, и референдумот од 2018 година, поради криминалот и корупцијата, поради политичката, здравствената и економската криза, поради сиромаштијата, мафијата, емиграцијата, поради непријателската трансформација на една суверена држава во криминална територија, бараме распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори оваа година“, рече Шијак.

Таа кажа дека Македонците од светот и во земјава се обединети на протестот. Шијак на протестот додаде: „Господ е со нас“.

„Неприфатливо е водачите на ‘За заедничка Македонија’ да бидат осудени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а терористите од војната во 2001 година да бидат дел од законодавната, извршната и судската власт. Патриотите не се терористи. Тие се родољуби, има разлика. По повод годишнината во Собранието на 27 април 2017 година, Македонците по род и државјанството во татковината и светот, се единствени и обединети во организацијата на овој семакедонски народен протест и слобода на уставобранителите. Ова е борба за правда и слобода на татковината. Ова е борба за слобода и победа за Македонците и Македонија“, додаде Шијак.

Таа побара слобода за сите осудени лица за настаните во Собрание.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2021 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега