Шилегов: Чекам да се заплени имотот на ВМРО-ДПМНЕ па со тие пари ќе ги извадам галиите од Вардар

Наместо да шири дезинформации дека на Град Скопје му е потребна дозвола за да го отстрани островот во коритото кај населбата Ќерамидница, инспекторката од Инспекторатот за животна средина требало да го спречи поставувањето на бродови во Вардар – што е лyдилo за кое таа дала дозвола, порача скопскиот градоначалник Петре Шилегов, додавајќи дека на Град Скопје не му треба дозвола бидејќи има законска обврска да го одржува коритото, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

Град Скопје деновиве го чисти островот создаден во коритото кој е во должина од 250 метри и ширина од 14 метри, бидејќи според Шилегов претставувал опасност при евентуални обилни врнежи од дожд. 

Прашан кога ќе бидат отстранети бродовите за кои ја прозва инспекторката, Шилегов одговори дека тоа ќе се направи со парите од продажбата на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Отстранувањето ќе нѐ чини 6–7 милиони евра. Кога ќе се заплени имотот на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа и ќе се продаде, дел од парите ќе ги искористиме да ги отстраниме бродовите“, рече Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега