Шилегов: До 2024 Скопје ја добива најголемата пешачка зона во центарот од сите европски градови

Со имплементација на новиот систем за јавен транспорт (Бас рапид систем)  кој ќе стане реалност до 2024 година, Скопје ја добива најголемата пешачка зона во центарот на градот од сите европски градови. На потегот од Собранието до Палома Бјанка, скопјани ќе може да се движат по слободен простор а притоа ќе добијат брз, ефикасен, еколошки и прецизен јавен транспорт.

 Ова вечерва на првата дебата за локалните избори го истакна градоначалникот Петре Шилегов, потенцирајќи дека за овој проект е веќе направена темелна студија за неговата ефикасност и станува збор за проект поддржан од Европската банка за обнова и развој.

-За само четири години влеговме храбро во проекти кои ги решаваат клучните проблеми на скопјани за следните 50 години. До 2024 го решаваме сообраќајот во Скопје кој повеќе од 40 години бил запоставуван. Визијата за брз ефикасен транспорт станува реалност, истакна Шилегов.

 

 
27.09.2021 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега