Шилегов до Мицкоски: Ти одиш во Будимпешта по инструкции, јас по опрема за безбедноста на скопјани

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку Фејсбук одговори на обвинувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за набавката на противпожарната скала од Будимпешта.

„Додека ти Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани“, напиша Шилегов.

Тој му порача на Мицкоски да продолжи и понатаму да се занимава со„ црнилото во својата душа“, а тој ќе продолжел да се грижам за безбедноста на скопјани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2021 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега