Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје кој го преспа мандатот- ќе се памети по шерифлукот и ароганцијата

Петре Шилегов го преспа целиот мандат. Ниту една капитална инвестиција не изгради во изминатиот период, ама затоа успеа да потроши во сред епидемија со корона вирус половина милион евра за лампиони и пластични диносауруси, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека ветувањата кои ги даваше во предизборната програма останаа празно слово на хартија. Нема ништо од тунелот под кале, од зиплајнот, од ветувањето Град без смог и Скопје зелена престолнина во 2021-ва, трамвај, ревитализација на езерото Треска,  и десетици други шарени лаги.

„Градоначалникот кој овие 4 години потроши 4 градски буџети тешки стотици милиони евра, нема ништо изградено, а Градот Скопје од престолнина го претвори во фавела.

 

Граѓаните освен неговиот шерифлук и арогатнтно однесување не гледаат ништо и затоа Шилегов ќе изгуби катастрофално и ќе замине во историјата како најнеспосбниот и најнеработливиот градоначалник кој Скопје го имало.“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2020 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега