Шилегов: Галиите во Вардар треба да се дислоцираат
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов смета дека галиите во реката Вардар треба да се дислоцираат.
-Создадени се правните услови за нивна дислокација и ние почнавме постапка преку надлежен извршител, но, правата кои ги имаат странките во постапките ние не можеме и не треба да ги загрозуваме, рече денеска на прес-конференција градоначалникот Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.
Градоначалникот Шилегов рече дека во тек е жалбената судска постапка од страна на должниците и очекува дека во најскоро време судот ќе се произнесе.
Шилегов повтори дека неговиот став кон проектот „Скопје 2014“ е непроменет и додаде оти Градот работи на дислокација на уште четири споменици и на дислокација на галии.
Прашан до каде е Деталниот урбанистички план Мал ринг, градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ информира дека испратени се неколку писма до одредени институции и очекуваат овој месец да добијат содветни одговори од нив за да знаат како да постапуваат со места и објекти кои не се во нивни надлежности. Додаде дека се работи за спомен-обележјата на Мајка Тереза, Порта „Македонија“, за фасадите кои треба да се отстранат, за галиите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа