Шилегов: Голема грешка беше тоа што Топлификација му беше дадена на БЕГ

За скопскиот градоначалник Петре Шилегов постапката топловдната мрежа во Град Скопје да му биде дадена под концесија на БЕГ е несреќна. Според него, Градот треба да биде тој што ќе управува со парно греењето бидејќи како што вели, приватните фирми немаат интерес да инвестираат во мрежата.
„Лиценцата ја очекуваме. Во минатото за жал, со една несреќна постапка, топловодната мрежа беше дадена на управување на приватен партнер кој што главниот фокус го држи, кој што нема интерес на поврзување на тие енергетски острови во градот Скопје кои ги има три. Зборуваме за стратегија која што е фундамент во борбата за чист воздух“ – вели Шилегов.
Но, БЕГ и оваа година ќе управува со топловодната мрежа иако Шилегов вели дека за ова води спор со приватната компанија. Град Скопје веќе има формирано и јавно претпријатие „Градски енергетски системи“.
Приватната компанија БЕГ дојде на местото на компанијата „Топлификација“ откако голем дел од граѓаните поради превисоките сметки за парно се исклучија од централниот систем за загревање.
Новиот концесионер ги намали сметките за парно во одредени случаи и до 50%.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 16:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега