Шилегов: И врапчињата знаат дека Арсовска е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Актуелниот градоначалник на Град Скопје тврди дека неговата противкандидатка на претстојните локални избори, Данела Арсовска ги потценува скопјани со тоа што се претставува како независен кандидат.

-И врапчињата знаат дека е кандидат на опозиционата партија. Мислам дека е потсенување на граѓаните на Скопје, особено на оние неопределните. Јас сум горд што сум кандидат на СДСМ и на Коалицијата и јас тоа не го кријам. Не знам дали дел од независните, т.н. независни кандидати за градоначалници се срамат од луѓето коишто ќе ги поддржат како политички партии, а тоа го знаеме сите. Да не се лажеме, рече Шилегов.

Вели, ако Арсовска навистина е независна треба да ја покаже листата на независни советници.

-Што е градоначалникот без Советот? Што е градоначалникот без поддршка во Советот на Град Скопје? Впрочем, зошто некој се срами од ВМРО-ДПМНЕ? Ако ВМРО-ДПМНЕ е партијата за којашто сите знаеме дека ќе поддржи определен кандидат во овие листи, рече Шилегов, додавајќи дека листата на советници е готова, но дополнително ќе биде објавена бидејќи станува збор за коалициска листа.

 

26.08.2021 - 19:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега