Шилегов ќе гради аквариум во Скопје

Скопје заслужува објекти кои ќе го вратат на вистинската патека. Скопје и скопјани заслужуваат вистински објекти со кои ќе се гордеат, во кои вистински ќе уживаат и за кои ќе раскажуваат на идните поколенија со истиот восхит како кога биле тогаш направени. Затоа Скопје ќе го има првиот градски јавен аквариум со капацитет и квалитет кој ќе биде рамо до рамо со европските аквариуми“, најавува градоначалникот Шилегов.

Град Скопје ќе го има првиот аквариум од градовите на поранешна Југославија. Со што овој објект ќе има и регионално влијание, односно планот е да стане една од „must see“ дестинациите при посетата во Скопје, како на наши граѓани од периферијата, така и гости од регионот, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Грција. На овој начин самата инвестиција ќе се врати мошне брзо, а самата институција ќе егзистира и вработува нови млади научници и љубители на акваристиката и подводниот свет.

„Идејата за локацијата првенствено беше таква да се искористи постоечки објекти со што ќе се заштедат средства и ќе се оптимизираат истите за да се инвестира повеќе во содржина на аквариумот. Овој објект со децении немаше никаква намена, но од друга страна е идеален за потребите на скопскиот аквариум. Стратешки објектот е лоциран до Природно научниот музеј на Град Скопје и е во самото двориште на Скопје ЗОО“, вели Шилегов.

28.10.2021 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега