Шилегов: Мицкоски и Груевски глумат дека се караат како алиби за тоа што ќе поминат уставните измени
Ексградоначалникот на Скопје и член на Извршниот комитет на СДСМ, Петре Шилегов тврди дека неговата нема шанси да прифати коалиција со Никола Груевски и се сомнева дека кавгите меѓу него и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се глума.
„ВМРО-ДПМНЕ како полиитичка партија е во ќорсокак и ѝ треба некое сценарио кое ќе го залепите на власта. Од каде знаете дека нема договор со Никола Груесвски за да излезе Мицкоски чист од приказната за тоа што дел од пратениците ќе ги гласаат уставните измени. Глумат дека се караат за да направат алиби за тоа што следи“, рече Шилегов во гостувањето на Канал 5 телевизија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа