Шилегов: Нека помине пандемијава, потоа ќе се видиме на политичкиот мегдан

Три пати почнав, па три пати престанав …Да пишувам статус. За политичките партии. Опозициските нарочито., напиша на Фејсбук градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.

-Ама Ве молам !? Не политика. Не партии. За здравје на нацијата се работи. Зошто Ви е побогу ? За кого ? За народот ? Па за неговото (народното) здравје зборуваме. Аман !!! ЛУЃЕ ?! Не со изјави. Предлагајте официјално. Да почнеме да се слушаме. Не заради политика. Заради здравјето на народот. Па веројатно заради него и ние партиите постоиме. Нека помине пандемијава. И да сме живи и здрави сите. Потоа ќе се видиме на политичкиот мегдан. Сега за сега, ако немате нешто паметно да кажете, барем замолчете !!!- напиша Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2020 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега