Шилегов: Ниту еден објект, ниту еден човечки живот не е загрозен во пожарот кај „Димитар Влахов“

Пожарот околу пругата позади средното училиште „Димитар Влахов“ е ставен под контрола. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов уверува дека ниту еден објект не е загрозен.

-Пожарот околу пругата (сува трева) е ставен под контрола. Ниту еден објект, ниту човечки живот не е загрозен. Противпожарната бригада на Град Скопје, како и секогаш е на висина на својата задача, напиша Шилегов на Фејсбук.

Прес24 претходно објави дека пожарот за многу кратко време е локализиран. Инаку, станува збор пруга која ги дели Аеродром и Кисела Вода, каде има неколку диви премини за пешачи. Пожарите на овој потег се чести поради голема површина сува трева.

 

 

03.08.2021 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега