Шилегов од Гази Баба: На Коце му го поправив булеварот, затоа што приоритет ни се граѓаните, а не стиропорот

Гази Баба долги години беше запоставувана од нашите претходници, но сега таа неправда ја исправаме, порача од партиската трибина на СДСМ, кандидатот за градоначалник Петре Шилегов. Тој кажа дека неговите претходници заборавиле на луѓето и заборавиле нема поважни од граѓаните, а наспроти тоа на метар квадратен биле вложени 700 милиони евра во стиропор, барок и споменици.

-Секој човек во Скопје е важен, а за само четири години во Гази Баба вложивме колку што не било вложувано со децении. Ќе има нов булевар АСНОМ во Ќерамидница, а мостот и булеварот се градат и покрај блокадите на опозицијата, кажа Шилегов.

Тој додаде дека во Гази Баба успеал да го поправи и булеварот пред куќата на Коце Трајановски.

-За само 30 дена видовте како се работеше на булеварот „Александар Македонски“, ја завршивме и „Благоја Стефковски“, а започнуваме напролет и со целосна реконструкција на „Перо Наков“, истакна Шилегов.

05.10.2021 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега