Шилегов: Планетариумот на МКЦ го опремуваме со најновите технолошки стандарди

- Скопје мора да продолжи напред со создавањето на квалитетни услови за образование на нашите деца, нашите најсакани, но и за сите оние кои се во потрага по нови знаења.

Омиленото место на вљубениците на вселената во Скопје и местото каде децата од цела земја е запознаваат со основите на астрономијата го опремуваме со современа техника и вршиме целосна реконструкција на просториите, обнова на ентериерот и системот за вентилација. Со оваа капитална инвестиција, МКЦ гордо ќе се носи со другите сродни европски центри, и ќе биде репрезент во 2022 година која е прогласена за Година на Европската младина, со овие зборови градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ја започна денешната прес- конференција.

- Планетариумот на МКЦ местото каде што преку 50 генерации граѓани од целата држава учеа за вселената, сончевиот систем, галаксиите … единствениот Планетариум во државата функционира повеќе од 50 години, со дотраена машина, со поголема музејска отколку оперативна вредност. Заради пандемијата и немањето соодветна вентилација како предуслов за одржување на настани во затворен простор, Планетариумот беше затворен скоро две години, изјави Шилегов.

- Пред пандемијата Планетариумот функционираше во полн капацитет, со организирани посети на ученици од основните и средните училишта од целата држава. Покрај организираните посети на учениците, Планетариумот беше отворен за сите заинтересирани како и за специјализирани предавања за стручната јавност. Од 2018 година,

Планетариумот во МКЦ работи со нов, динамичен тим на едукатори чии термини за предавања беа денови однапред резервирани, додаде Шилегов.

- Во следните 4 години Скопје добива целосно обновен Планетариум кој преку своите дигитални и оптички можности, покрај едукација и проширување на знаењето за астрономијата, овозможува и презентации за океанографија, климатски промени и други значајни теми за Земјата и вселената, нагласи Шилегов.

26.10.2021 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега