Шилегов: Примарна цел е да почнат преговорите за полноправно членство во ЕУ

Процесот со Република Бугарија за пристапување на нашата држава, Република Македонија и почнување преговори со Европската Унија се уште е активен. Јас сум многу свесен дека на двете страни постојат луѓе кои не сакаат тој договор да успее и луѓе кои со ситни политички провокации ја дразнат јавноста, и на едната и на другата страна. Ова денеска на прес-конференција го соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

-Не е наше на политичарите да ја толкуваме историјата, ниту да бидеме нејзини ревизори. Наше е да обезбедиме извесна сегашност и извесна иднина на нашите граѓани. Примарна цел на Република Северна Македонија е да ги започне преговорите за полноправно членство во ЕУ, изјави Шилегов.

Прашан за изјавата на поранешниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски за да се свика одборот на партијата и да се огради од ставот на премиерот Заев, Шилегов изјави дека СДСМ е една од најдемократските партии во нашата држава и секој, како што рече, совршено има право да го каже јавно или институционално внатре во органите на партијата својот став, вклучително и Црвенковски.

-Јас немам двојба. Мислам дека никој нема двојба. Дури мислам дека можеби е погрешно протолкувано. Бугарската војска дојде во пролета 1941 година, како окупаторска војска и како таква до моментот на капитулацијата на Бугарија, септември 1944 година останала. Потоа се трансформира во отечествен фронт и учествува во дел од акциите за ослободување и на територија на сегашна Република Северна Македонија и на територија на поранешна Југославија, рече Шилегов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега