Шилегов: Пуштена е втората велопатека на Водно, Скопје станува туристичка атракција

Од денес љубителите на велосипедизмот може да уживаат во втората велопатека, која е пуштена на Водно, информира преку напис на својата фејсбук-страница градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка 3 метри, со специјално изработени безбедни свиоци и рампи. На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки, што ја прави многу безбедна. Патеката спаѓа во таканаречената семејна категорија. Таа е истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме таа да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема. Новата велопатека Flow е наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје“, напиша Шилегов.

За да можеме да ја доживееме убавината на велопатеките што ги направивме на Водно, ги повикуваме сите љубители на природата, в недела, 24 октомври, да го посетат вториот Фестивал за алтернативен туризам, кој ќе се одржи на Средно Водно. Настанот е со почеток во 10 часот и учество ќе земат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде проследен секако со добра забава, дополни Шилегов во информацијата на социјалните мрежи.

МАКФАКС

22.10.2021 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа